Куманово, 25 март 2025 (МИА) - ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово по насоки дадени од Министерството за животна средина и просторно планирање повторно организираат акција за собирање на кабаст отпад. Акцијата почна утрово на три локации во населбите Карпош“, „Перо Чичо“ и на крстосницата помеѓу улиците „Тоде Мендол“ и „Есперанто“. Акцијата трае до 31 март, годинава. Од комуналното претпријатие ги повикуваат граѓаните на Куманово до ...

Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 75 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Бутел, Центар и Ѓорче Петров. Во општината Чаир е интервенирано на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“ каде што се подигнати близу 20 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад. Посочената локација претставува таканаречена „црна ...