Македонскиот фудбалски интернационалец, Давид Тошевски, одигра одличен натпревар за екипата на Дендер, која конечно ја забележа првата победа во белгиската елита и славеше со конечни 1-2 на гостувањето кај Антверпен. Дендер се израдува на првиот триумф, кој беше најавен токму од нашиот Тошевски. Македонецот стрелаше за 0-1 во 51. минута и го отвори резултатот, а домаќините израмнија со голот на Кујате во 76. минута. 0-1! GOAL! David kopt ons op ...
Со својот втор гол оваа сезона во белгиското првенство, Давид Тошевски и донесе победа на својата екипа Дендер на гостувањето кај Антверпен во денешниот натпревар од 15. коло. Ова беше прва победа на Дендер оваа сезона, а за Тошевски гол кој полека го враќа во голгетерска форма. Дендер е закован на последното место на табелата и ќе му треба голема битка и пожртвуваност до крајот на сезоната да се избори за опстанок во елитата. Тошевски денеска ...

