Иако потајно постоеше надеж во јавноста дека шампионот на Македонија, тимот на Шкендија на својот премиерен меч во групната фаза од Лигата на Конференции, ќе може да стори нешто повеќе на гостувањето кај шпанскиот тим Рајо Ваљекано, сепак, реалноста е поинаква. По 45. минути на дуелот во Шпанија нашиот првак губи со 2:0, во игра во која домаќинот тотално доминира. Упати цели тринаесет удари кон противничкиот гол, од кои половина и повеќе беа ...

Шкендија за првпат во својата историја се пласираше во една главна фаза на европско натпреварување, но уште во првата рунда сфати дека овие натпревари се далеку поразлични од оние кои се играат во квалификациите, или пак во македонското првенство. Првиот испит во Конференциската лига беше навистина тежок и избраниците на Јетон Беќири мораа да се бранат од честите налети на Рајо Валјекано, а ако се земе во предвид дека целосно беа подредени, ...