Пари Сен Жермен има предност од 1-0 по првото полувреме на гостувањето кај Арсенал во полуфуналето на Лигата на шампионите. Усман Дембеле погоди во 4-та минута и засега тоа е единствен гол на мечот на „Емирејтс“. Откако ги елиминираа Ливерпул и Астон Вила, Светците од Париз имаат добар резултат и против третиот англиски тим кој се испречува на патот до финалето. ПСЖ беше многу подобар во првите околу половина час, а потоа и Арсенал покажа заби ...

Францускиот гигант ПСЖ е совршен пример дека и без помошта на најголемите фудбалски ѕвезди може да се реализираат некои од зацртаните цели кога е во прашање најквалитетното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Популарните „светци“ денеска ќе го одиграат првиот полуфинален дуел против лондонскиот премиерлигаш Арсенал. Четата на Луис Енрике е на само еден чекор до посакуваниот финален натпревар кој остана само сон во времето кога дресот на ...