Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, објави видео на својот Фејзбук профил каде го прикажа украсувањето на градот во очекување на новата година. – Во најубавиот период од годината, Прилеп ќе биде град на светлина, музика и многу забава и изненадувања. Со Прилепската празнична приказна и Новогодишниот базар, Прилеп го добива она што го заслужува! Празници со душа, радост за сите генерации и најубавата празнична приказна во Македонија! ...

Општинските власти во Прилеп за од 24 декември најавуваат богата програма со повеќедневни настани во рамките на манифестацијата „Прилепска празнична приказна“, во пресрет на пречекот на Нова година. Музички настапи, празничен базар на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, многу новогодишни изненадувања и подароци, како и заеднички пречек на Нова година, се случувањата на кои ќе може да присуствуваат прилепчани. – Настаните ќе се одвиваат ...

Со осумдневна „Прилепска празнична приказна“, облечена во комплетно ново руво, прилепчани ќе можат да ја дочекаат Новата 2026 година. Богата музичка програма за сите генерации со домашни артисти, Новогодишен базар на компанијата „Витаминка“, која е и коорганизатор на престојната новогодишна бајка во чест на својот 70-годишен јубилеј, подароци, работно време на Чаршијата прилагодено на потребите на посетителите, се само дел од содржините кои ќе ...