Жител од кривопаланечко пријавил во полиција дека бил нападнат од неговата сопруга. Според МВР, сопругот бил нападнат во семејниот дом. -Денеска (01.01.2025) во 01.36 часот во ОВР Крива Паланка, 37-годишен маж пријавил дека околу 01.00 часот во семејниот дом во кривопаланечко село, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга Б.С.(34), стои во полицискиот билтен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен ...
Мажот што вечерва беше пронајден мртов во својот дом во Тетово бил убиен од страна на својот татко пред два дена, на 31 декември, информираат од МВР по координација со јавен обвинител. Од полицијата соопштија дека е утврдено оти се работи за кривично дело убиство кое 65-годишниот М.Н. го извршил над својот 39 годишен син С.Н. по претходна физичка пресметка. Убиството е извршено со ловечка пушка. „По документирање на случајот ќе биде поднесена ...
Вечерта на новогодишната ноќ, скопјанец бил донесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди по расправија за паркинг. Како што информираат од полицијата, на 31.12.2024 во 20.53 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Г.В.(47) од Скопје. -Според пријавеното, околу 19.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање за паркинг ...