Голема трагедија се случи доцна синоќа во Скопје, кога на булеварот ,,Партизанска” згасна животот на 22-годишната дизајнерка Фросина Кулакова од Неготино. Ја удрил автомобил управуван од 20-годишно момче, а од здобиените повреди таа веднаш починала. Траорната вест уште во раните утрински часови се прошири во родниот град на девојката. Во шок и неверување, граѓаните прашуваат до кога ќе се гине на улиците во нашите градови и уште колку невини ...

Познат е идентитетот на загинатата девојка на „Партизанска“. Станува збор за 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино која беше студентка на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ во Скопје. Таа била удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“. За жал девојката им подлегнала на повредите и починала на лице место. Како што известуваат од МВР, несреќата се случила вчера во 23:43 часот, каде автомобил „пежо 207“ со скопски ...