Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, упати честитки до сите полициски службеници ширум државата, истакнувајќи ја нивната клучна улога во обезбедувањето на јавната безбедност. Тој оддаде почит и на сите припадници на МВР кои го загубиле својот живот во рамките на службата. - Овој ден е посветен на вас, на сите полициски службеници ширум Македонија, на луѓето кои секојдневно професионално ...

Денес се одбележува 7ми Мај – Денот на македонската полиција. Оваа година денот се одбележа во Центарот за обука на МВР во Идризово. Оттаму министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати честитка до сите полицијаци и порача дека МВР повеќе не е затворен објект туку институција која работи рамо до рамо со граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека законот ќе важи исто за сите граѓани и дека полицијата активно ќе го гони криминалот. ...