Благоја „Боби“ Милевски е роден во Скопје на 25 март 1971 година. Тој е македонски фудбалски менаџер и поранешен играч кој е актуелен селектор на македонската фудбалска репрезентација. Во текот на својата играчка кариера играл за Црвена звезда Белград, Ираклис, Трикала, Марибор, Победа, Панилијакос, Македонија ЃП, Ашдод, Цементарница 55 и Вардар. За македонската репрезентација одиграл еден натпревар во септември 1998 година против Египет. По ...

Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 година. Тој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Во 1983 се вработил како глумец во Драмски театар – Скопје и работи се до неговото пензионирање во 2022 година. Негови деца се: Иван Манасковски (режисер), и Симон Манасковски (глумец). Остварил улоги во следниве театарски претстави: Како ...

Игор Дурловски е роден на 26 март 1977 во Битола. Студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена. Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како изведувач на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне ...

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец и директор на А-репрезентацијата, Дени Масев се наоѓа во притвор. Според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли која беше уапсена на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога. Од ФФМ известија дека Масев веќе е разрешен од неговата позиција, но рекоа дека немаат информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до неговото ...