Јавните набавки со години се слабата точка на локалните самоуправи: сложени процедури, сомнителни критериуми и постојан ризик од злоупотреби. Во пресрет на изборите, повеќето кандидати за градоначалници повторно нудат долги листи проекти без рокови и без објаснување како ќе се финансираат. Кандидатот на ДУИ за Чаир, Бујар Османи, се издвојува со нешто што досега речиси и не сме го виделе во локална кампања: јавно декларирани и оперативни ...

Поранешниот министер за надворешни работи, а сега кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, вели дека по толку години во политиката научил дека граѓаните не веруваат на празни ветувања и заложби, туку само на конкретни дела и коренити промени. Тој најавува дека во општината, која сега е во центарот на вниманието поради огромниот број дивоградби, доколку биде избран ќе ги вклучи и граѓаните во надзорот за трошењето на општинските пари. ...