Фудбалерите на Рајо Валјекано и Валенсија ја отворија денешната програма во Ла лига. Иако нашиот голман Столе Димитриевски повторно не се најде во почетната постава на Валенсија, тој доби топол прием од навивачите на клубот во кој што израсна како еден од најдобрите голмани во Шпанија. Пред почетокот на мечот нашиот Столе доби овации од трибините на „Валјекас“. 🏠 Vallecas siempre será 𝐒𝐔 𝐂𝐀𝐒𝐀. 🔙 ¡@Dimitrievski1 regresa a la que fue su ...
Столе денеска се врати на “Валјекас“, на стадионот на Рајо Валјекано каде неколку сезони го бранеше голот на овој тим. А дека фановите и сите во овој клуб не го заборавиле, убаво се гледа од овациите кои што Македонецот на отворена сцена ги доби пред средбата. Сепак Столе и на овој меч не доби шанса да застане на голот на Валенсија, па така тој и на оваа средба преседе на клупата на “лилјаците“. Повторно Мамардашвили беше на голот. Сепак овие ...