Триесет и двегодишниот Ведат Адеми починал во болницата во Куманово, само еден час откако му била поставена венска линија за администрирање лек во кој имало аналгин. Во неговата медицинска историја имало податок дека додека се лекувал во Германија, пројавил реакција на лек аналгин, ама до тој податок немало потпис и печат од докторот. Не е сигурно дали анафилактичен шок е причина за смртта и тоа ќе се утврдува со обдукција што ќе биде спроведена ...

Во Општата болница Куманово пред неколку дена почина 32-годишниот Ведат Адеми, по алергиска реакција од аналгетик, по примена инфузија во Хируршкото одделение. Вчера министерот за здравство, Арбен Таравари го разреши директорот на болницата, Стефан Трајановски, “поради пропусти во лекувањето“, посочувајќи дека од извештајот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат многу лесно може да се констатира дека имало предуслови за разрешување на ...