Ана Винтур конечно ја пронајде својата наследничка, а светот на модата со нетрпение го очекува моментот да ја запознае. Новата уредничка на американскиот „Вог“ официјално ја презема својата улога непосредно пред Неделата на модата во Њујорк, која се одржува од 11 до 16 септември 2025 година. Првата јавна средба на модната заедница со Клои Мали ќе се одржи на самото отворање на настанот, на ревијата на Мајкл Корс, на 11 септември во 11 часот ...

Модниот свет конечно дозна која е новата уредничка на американскиот магазин „Вог“. Ана Винтур, која 37 години беше на чело на престижниост моден магазин, сега и официјално ја претстави својата наследничка. Нејзината комбинација од духовитост, хумор и шарм е дополнително збогатена од фактот дека потекнува од истакнато уметничко семејство, таа е ќерка на актерката Кендис Берген и познатиот режисер Луј Мали. Станува збор за Клои Мали, која ќе ја ...