Македонија ја оствари целта, дојде до очекуваната победа над Гвинеја и се пласираше во следната фаза од Светското првенство каде вкрстуваме во група со Австрија, Франција и Катар. „Треба да бидеме задоволни со победата, иако можевме и многу подобро. Промашивме речиси 20 удари, од кои 15 беа од изградени позиции. Да игравме со поквалитетен противник не би победиле ако промашувавме толку многу. Добро е што ги зачувавме и одморивме поискусните ...

Филип Кузмановски се најде во две ситуации на оваа средба. Имаше шанса да ја донесе Македонија до ситуација на победа, но промаши од седум метри, а потоа на 3,8 секунди до крајот кога сите мислеа дека Австрија ќе ги однесе бодовите, испрати вистинска „бомба“ во мрежата на противникот за реми (29-29). „На крајот можеме и да жалиме. Мислам дека денеска бевме поквалитетни од Австрија. Нема да споменуваме дека им недостасуваат играчи, гледаме само ...