Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон откако тој ја повтори својата поддршка за признавање на палестинска држава, нарекувајќи ги неговите постапки „опасни“. „Макрон се обидува да се меша во конфликт во кој не е страна, на начин што е надвор од допирот со реалноста на теренот по 7 октомври“, рече Сар во објава на социјалните мрежи. Сар додаде дека постапките на Макрон ја ...

Францускиот претседател Емануел Макрон најави решеност да го продолжи меѓународниот процес за признавање на палестинската држава. – Никаква офанзива, обид за анексија или присилно преселување не може да го запре процесот што го започнавме со престолонаследникот – истакна Макрон по средбата со саудискиот престолонаследник, пренесе „Фигаро“. Тој остро ја оцени одлуката на САД да не издаваат визи за палестински претставници на Генералнoто собрание ...