Нико Гонзалес не успеа да го убеди тренерот Игор Тудор дека треба да инсистира на негово останување во тимот за новата сезона, па аргентинскиот репрезентативец е ставен на трансфер листата на Јувентус. Италијанскиот клуб плати околу 38 милиони евра за Гонзалес пред една година, но тој не ги исполни очекувањата под водство на Тиаго Мота, а не направи посебен пробив и во настапите кога на клупата седеше Тудор. Агентите на Аргентинецот се обидуваат ...
Бразилецот Роберто Фирмино се сели од Саудиска Арабија во Катар. Негов нов клуб е Ал-Сад. Искусниот напаѓач заминува една година пред истекот на договорот со Ал-Ахли, кој со капитенска лента го водеше до најголемиот успех во историјата на клубот - првата титула во Лигата на шампионите во Азија на почетокот на мај. Досега, Ал-Ахли двапати беше финалист во Лигата на шампионите за азискиот регион. Ал-Сад е најуспешниот катарски клуб и единствениот ...