Силните суви ветрови Санта Ана, со брзина до 70 милји на час, продолжуваат да ги загрозуваат напорите за гаснење на шумските пожари во Лос Анџелес, кои досега уништија илјадници домови и одзедоа најмалку 24 животи. Националната метеоролошка служба издаде црвено предупредување за „особено опасни услови“ кои се очекува да траат до среда. Гувернер Њусом: „Најразорната природна катастрофа“ Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, изјави дека шумските ...

Продолжуваат напорите за гаснење на пожарите во областа на Лос Анџелес, а на сила е црвено предупредување бидејќи од денеска до среда попладне се очекуваат силни ветрови кои би можеле да влијаат на ширењето на пожарите. Пожарот во Палисадес, кој избувна на 7 јануари, уништи околу 5.000 објекти и 14 отсто беше локализиран, објави телевизијата Еј-би-си. Пожарот во Итон, кој исто така започна на 7 јануари, уништи или оштети околу 7.000 згради, а 33 ...