Манчестер сити по лошата сезона, ова лето планира серија нови засилувања како тимот под палката на Пеп Гвардиола повторно би можел да се бори за трофејот во Премиерлигата. „Граѓаните“ во зимскиот преоден рок потрошија 224 милиони евра, купувајќи ги Омар Мармуш за 75 милиони, Нико Гонзалес за 60, Абдукадир Кушанов за 46, Витор Реис за 37 и Јума Бах за шест милиони евра, а сега потпиша и Тијани Рејндерс за 55 милиони евра, Рајан Алт-Нури за 36,8 ...

„Минатата година бевме фантастичен тим со одлични резултати. Оваа година не сме поради многу причини. Затоа мора да донесуваме одлуки на тимско и клупско ниво. Ништо не трае вечно, а некои играчи се на одредена возраст“, рече Пеп Гвардиола пред четири месеци по раната елиминација на Манчестер Сити од Лигата на шампионите. Тогаш беше елиминиран од Реал во осминафиналето. До крајот на сезоната, зборовите на Пеп беа потврдени. Сити, кој беше ...