Гран при наградата на 38. Филмски фестивал во Херцег Нови во Црна Гора -Голема златна мимоза – му беше доделена на филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги Унковски за, како што е соопштено, неговата способност да внесе нова виталност и емоции во наративот за созревање. Фестивалот во Херцег Нови се одржа од 23 до 29 август. На затворањето на Филмскиот фестивал во Херцег Нови (ФФХН), жирито составено од Предраг Перишиќ – претседател, и членовите ...

Филмовите „Мајка“ на Теона Стругар Митевска и „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски ќе учествуваат на престижниот 69. BFI London Film Festival (Лондонски филмски фестивал на Британскиот филмски институт). Ова е првпат два македонски наслови истовремено да бидат дел од овој фестивал и претставува историски успех за нашата кинематографија. „Мајка“ ја имаше својата светска премиера на 82. Венециски филмски фестивал на 28 август, каде што беше пречекана ...