Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити по излегување на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција, напиша дека коалицијата „Вреди“ продолжува по патот на промената. Во објава на „Фејсбук“, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата, туку ја предал. „Ти не донесе промена. Ти не се враќаш кон народот. Ти се враќаш кон црната листа. Ти не ја напушташ Владата. Ти ја предаде Владата“, напиша Меџити. Меџити оценува ...

Вицепремиерот Изет Меџити наведува дека Арбен Таравари никогаш не му се пожалил за неуспехот да се решат етничките прашања додека бил во коалиција, иако тоа го нагласува како причина за напуштање на владата. Етничките прашања, како што нагласува Меџити, ги бранел тој како прв вицепремиер и Арбен Фетаи, вицепремиерот од партијата на Арбен Таравар, кој не одлучил дали ќе остане во влада. „Јас ги бранев етничките прашања како прв вицепремиер, а во ...