ГРК Охрид ја оправда фаворитската улога против Бутел Скопје, на гостински терен славеше со убедливи 19-25 во меч од 10-то коло во Супер-лигата. За охриѓани ова беше седма победа, имаат реми и два порази, додека на другата страна пак скопскиот тим има скор од пет победи, реми и четири порази. Охриѓани разликата ја направија во вториот дел, отворија со 3-11 за 14-24 на стартот на 50-та минута. На одморот резултатот беше 11-13. Иако гостите ...
Два тима од големата четворка во македонскиот ракомет вечерва славеа победи без поголеми проблеми во мечевите од 10. коло во новата сезона од Суперлигата на Македонија. Актуелниот шампион Е. Пелистер без проблеми славеше на гостувањето кај Прилеп со убедливи 25-40. Гостите уште во првиот дел ја завршија целата работа добивајќи го првото полувреме со 12-21. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечни 25-40. Mирче Калајџиовски со ...

