Управниот Одбор на Кошаркарската федерација на С. Македонија, на денешната своја седница, меѓу другото, и официјално го именуваше Марјан Илиевски за нов селектор на машката сениорска репрезентација. Меѓу најважните одлуки од денешната седница сигурно е и онаа според која од натпреварувачката сезона 2025/2026 во текот на целиот натпревар на терен ќе мора да бидат присутни двајца домашни играчи. Правилото ќе важи од почетокот на натпреварувачката ...

Управниот Одбор на Кошаркарската федерација имаше седница на кои беа донесени неколку важни одлуки меѓу кои и две за најсилната домашна конкуренција. Ќе се врати правилото за двајца домашни кошаркари во секое време од натпреварите од регуларниот дел од сезоната што значи дека македонските играчи ќе добијат поголем простор и време. Исто така ќе има промени во Првата лига која од сезоната 2026/2027 ќе ја сочинуваат десет наместо досегашните ...