НАТО објави дека испраќа уште 200 војници во Косово, како дел од мировната мисија КФОР, потврди портпаролот на Алијансата, Дилан Вајт. Испраќањето на дополнителен број војници е одобрено на 1 октомври, на барање на Врховниот командант на сојузничките сили за Европа. Дополнителните 200 војници ќе се приклучат на британскиот контингент од 400 војници кои дејствуваат во Косово. Алијансата потврди дека ќе следи дополнително засилување на војниците ...

Објавите дека НАТО испраќа дополнителни свои трупи во Косово, како дел од мировната мисија на КФОР по нападот врз косовската полиција на 24 септември кој ги зголеми тензиите во регионот, ја наметна дилемата во домашната јавност дали македонската армија како дел од Алијансата ќе биде вклучена во засилувањето на военото присуство кај северниот сосед. Имено НАТО објави дека испраќа уште 200 војници во Косово, како дел од мировната мисија КФОР, ...