Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јуни. Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет. ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јуни. Денеска е Преподобен Давид Солунски. Овој подвижник по потекло солунец живееше во петтиот и шестиот век. Својот подвиг го започна близу Солун, каде подигна колипка под едно бадемово дрво па живееше во неа. Потоа се подвижуваше во Тесалија. Живеејќи во постојан труд да ја стекнува божествената љубов, тој толку се усоврши во Бога што во една пригода можеше да стави жар во дланката ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јуни. Денеска е Преподобна маченичка Февронија. Света Февронија беше римјанка, ќерка на сенаторот Просфор. Во својата рана младост го напушти домот и отиде на Исток, каде што се замонаши во еден манастир. Кога дојде времето на нејзиното мачеништво таа имаше само 20 год. На Исток беше испратен некј суров човек Селин, заедно со внук му Лисимах, кој вршеше колежи над христијаните. А кога ...

Денеска е ИВАНДЕН, на големо се слави– Рождеството на Светиот славен Јован Крстител. Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера, кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на Св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на свети Јован Крстител,Собор на свети Јован Крстител итн. Во народниот живот и во народното верување Свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што ...