Игор Карачиќ има посебно место во срцата на сите навивачи на Вардар. Мина осум години носејќи го „црвено-црниот“ дрес и остави длабока трага во македонскиот клупски ракомет. Дека неговата популарност не заврши со неговото заминување од СКопје, покажа и синоќешниот ракометен хепенинг „Легендите на сцена“, каде Карачиќ повторно се појави пред полната арена „Јане Сандански“ на ревијалниот меч на легендите на македонскиот и европскиот ракомет по ...
Уникатниот хепенинг кој го организираше „Спортско радио 90,3 фм“ побуди многу емоции и спомени меѓу присутните фанови во „Јане Сандански“, но и меѓу самите актери кои беа на теренот и кој можеа да уживаат во спектаклот за кој ќе се зборува уште долго. Македонските ракометни легенди и европските ѕвезди режираа ол-стар доживување какво што не се памети, а во ситуација кога резултатот беше во втор план, се беше сведено на забава, многу голови, ...

