Горан Пандев будно ги следи случувањата во Серија А и има интересна ситуација кога е во прашање битката за титулата, бидејќи двата главни фаворити за Скудетото се два негови поранешни клубови. Популарниот Гоче мина извонредни моменти во Интер и во Наполи, па иако не сакаше да бира свој фаворит во интервјуто за „Ил Матино“, не пропушти да нагласи дека во шампионската трка може да се активира и Аталанта, особно откако тимот испадна од Лигата на ...

Горан Пандев беше интервјуиран од неаполитанскиот весник Il Mattino од проста причина што играше за двата клуба што во моментов бијат голема битка за тоа кој ќе биде шампион на Италија и кои в недела ќе се судрат во директен дуел. „Кога се присетувам на годините минати во Наполи сѐ уште ми навираат емоции. Да имаше ВАР ќе го освоевме Суперкупот во 2012. Сѐ уште чувствувам горчина поради елиминацијата од Лигата на шампионите во 2013 година“, вели ...