Ливерпул има причина за славје откако тимот на Арне Слот попладнево го демолираше Тотенхем со 5-1, со стил крунисувајќи ја јубилејната 20. титула во клупската историја. На „црвените“ им беше доволен и бод за да ја осигураат титулата, но избраниците на Слот одиграа уште еден маестрален меч, декласирајќи го гостинот од Лондон за демонстрација на супериорноста што Ливерпул ја покажува во текот на целата сезона. Интересно, Тотенхем беше тимот што ...
Фудбалерите на Ливерпул убедливо славеа во дерби дуелот од 34. коло на Премиер лигата против Тотенхем со 5-1 (3-1) и на четири рунди пред крајот математички го обезбедија трофејот. Дваесеттата титула во историјата на клубот доаѓа по пет сезони пауза, а првпат по 35 години навивачите на „Енфилд Роуд“ и по улиците на Ливерпул ќе имаат масивна прослава. Причината е тоа што во 2020 година се играше пред празни трибини. Резултатот во Ливерпул го ...