На 30.08.2025 околу 15:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Б.С. (25) затоа што околу 14:30 часот предизвикал пожар во месноста „Елки“, при што била опожарена сува трева и ниска вегетација. Веднаш по добиената пријава за настанат пожар, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности и констатирано е дека Б.С., лице со здравствени проблеми, запалил трева, по што пожарот се проширил кон ридот. ...
На 01.09.2025 во 21:55 часот на автопат „Пријателство“, кај село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.Д.(25) од Кавадарци. При контрола со радар, полициски службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки со брзина од 217 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час. За настанот бил запознаен јавен ...