Јубилејното, 20-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности ќе се случува од 2-ри до 5-ти октомври во киното на Железничката зграда во Скопје под тематската рамка „Како се прави“. Во рамките на четиридневниот фестивал, кој е основан во 2006 година, и е еден од фестивалите во земјава што има најдолг континуитет на одржување, ќе се случуваат повеќе изложби, проекции, разговори и предавања, работилници и музички настани… Дел од фестивалот ...
Јубилејното, 20-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности ќе започне утре (02 октомври) со преднастан во форма на предавање насловено „Еколошки иднини“ на архитектот Даниел Кунерт од Арх плус (ARCH+). Арх плус е водечко германско списание од областите на архитектурата и урбанизмот, основано во 1967 година во духот на еманципаторско самопросветлување, кое критички ги разгледува општествените аспирации на изградената средина во ...
Бела ноќ е еден од најзначајните културни настани во Скопје – ноќ кога градот се претвора во голема уметничка сцена и ја отвора својата душа за уметноста. Оваа манифестација претставува симбол на културната отвореност и желбата на градот да ја приближи уметноста до сите граѓани и посетители. Во една ноќ, улиците, музеите, културните центри и скриените агли на Скопје оживуваат преку концерти, изложби, перформанси, книжевни читања и мултимедијални ...

