Министерството за спорт денеска ги доделуваше наградите за најдобрите во спортот за изминатата година, а ако кај мажите за спортист на годината беше прогласен Бобан Илиоски кај дамите оваа награда и припадна на Милјана Рељиќ. Рељиќ најголемиот успех во изминатата година го направи со настапот на Олимписките игри во Париз каде што беше блиску и да освои медал. „Нема подобар начин од овој да се заврши годината. Благодарна сум за номинацијата, но ...

Признанието „Златна Олимпија“ за 2024 година, кое четвртипат по ред се доделува за најуспешните дами во македонскиот спорт, а е во организација на Македонскиот олимписки комитет, заврши во рацете на олимписката теквондистка Милијана Рељиќ. Олимпијката по признанието за најдобра спортиска во изборот на Министерството за спорт, сосема заслужено дојде до уште едно големо признание. На манифестацијата организирана од МОК, признанија добија и Марија ...