Илија Несторовски излезе како победник од пресметката со Агон Елези во денешната 26. рунда во најсилскиот хрватски фудбалски шампионат. Славен Белупо како гостин ја разби Горица за 3-0, а за тоа огромни заслуги има Несторовски кој во финишот на првиот дел забележа асистенција при погодокот на Божиќ, а во самата завршница на дуелот и сам се запиша во листата на стрелци. Прилепчанецот во тековнава сезона има учинок од 4 гола и 1 асистенција. ...
Славен Белупо после поразот од Динамо Загреб, им се врати на победите, а најзаслужен за тоа е Илија Несторовски, кој беше клучен играч во победата од 0-3 на гостувањето кај Горица. Прилепчанецот во третата минута од судиското продолжение на првиот дел со прекрасен центаршут асистираше за водство од 0-1, а потоа во 81-вата минута успеа и да погоди, со што ги постави конечните 0-3 на гостувањето во Загреб. Екипата од Копривница со оваа победа се ...