Високи функционери од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во наредните денови ќе се сретнат со руски претставници во Саудиска Арабија, со цел да се отпочнат разговори за ставање крај на речиси тригодишната војна во Украина, јави Ројтерс, цитирајќи висок американски функционер. Според најавите, во Саудиска Арабија ќе отпатуваат американскиот државен секретар Марко Рубио, американскиот советник за национална безбедност Мајк ...
Израел во четврток ќе ги прими телата на четворица заложници од Појасот Газа и работи на враќање на шест живи заложници во сабота, изјави денеска претставник на безбедносните сили. Ако двете операции бидат успешно завршени, само четворица заложници ќе останат во палестинската енклава – за кои се верува дека се мртви – од 33-те што требаше да бидат ослободени за време на првата фаза од прекинот на огнот договорен минатиот месец меѓу Израел и ...