Ракометарките на Астибо во меч од шестото коло на Суперлигата ќе се соочат на домашен терен во Штип со фаворитот Металург Автокоманда. Гостинскиот тим од Скопје ќе биде голем фаворит против Астибо, кој ќе се обиде да изненади и да освои бодови во овој за нив тежок дуел. Шампионот Ѓорче Петров на домашен терен ќе има лесна задача против Вардар и повеќе од јасно е дека бодовите треба да одат на контото на „лавиците“. Пелистер ќе бара прва радост и ...

Екипата на Ѓорче Петров запиша новата победа, совладувајќи го Вардар со убедливи 35:26, иако гостинките дадоа силен отпор во првото полувреме. Натпреварот започна одлично за Ѓорче, кој поведе со 3:0 и постепено ја зголемуваше предноста, па во 10-тата минута резултатот беше 7:3. Вардарки не се предаваа и со цврста игра во одбраната успеаја да израмнат на 9:9 во 20-тата минута. Сепак, домаќинките веднаш одговорија со серија од три гола и повторно ...