Цената на огревното дрво оваа година достигна 4.800 денари за кубен метар, вклучувајќи го и транспортот, што е зголемување во споредба со минатогодишната цена, кога огревното дрво се продаваше за 4.000 до 4.500 денари. Сопствениците на складиштата велат дека побарувачката постојано се зголемува, особено во пресрет на грејната сезона. Покрај тоа, тие се соочуваат и со недостиг на работна сила, бидејќи, како што велат, малкумина сакаат да ја ...

Нафтата денеска се тргуваше за над 65 долари за барел откако големите производители го продолжија периодот на постепена нормализација на понудата речиси до крајот на годината. На Лондонската берза денеска барел нафта се тргуваше за 79 центи повеќе од вчерашните 65,32 долари. Додека на Американската берза, цената на нафтата се зголеми за 69 центи и барел нафта се тргуваше за 61,57 долари. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и ...