За опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност на островот, предупреди претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас на денешната информативна прес-конференција во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на која присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Професорот Лекас објасни дека е висок ...

Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“. Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се ...