Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, му кажал на раководството на клубот дека сака напаѓачот Виктор Ѓекереш да пристигне на „Олд Трафорд“ веќе во јануари. Голгетерот на Спортинг Лисабон се поврзуваше со трансфер во редовите на „црвените ѓаволи“ веднаш штом стана јасно дека стручњакот ќе го преземе тимот. Португалецот нема намера да чека до летото и инсистира да го ангажира напаѓачот во јануарскиот преоден рок, тврдат од Островот. ...

Манчестер Јунајтед планира во зимскиот преоден рок да го доведе одличниот шведски напаѓач, 26-годишниот Виктор Еинар Ѓекереш, а тој трансфер би требало да вреди околу 96 милиони евра, пишуваат во четвртокот британските медиуми. Новиот тренер на Јунајтед, Рубен Аморим ѝ порача на управата на клубот дека мора веднаш да го доведат Ѓокереш доколку сакаат да се извлечат од моменталната непријатна ситуација во табелата во Премиер лигата. „Црвените ...