Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Во Скопје, наутро студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер. Времето во наредните денови: Во сабота наутро студено, а преку денот ќе се задржи претежно сончево време. Од недела следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините, а од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи претежно ...

Следува период на променливо облачно време, до вторник со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места слаб снег. Како што информира УХМР, по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Утре ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер. По котлините пак за време на овој ...