Бразилецот Рафиња во изминатите две сезони, откако на клупата на Барселона е Ханси Флик, просто блеска во дресот на каталонската гордост. Тој е еден од клучните „шрафови“ во машината на германскиот стратег и секако дека без него оваа Барса нема да биде онаа вистинската Барса. Инаку колку за потсетување, Бразилецот во летото 2024 имаше баснословна понуда од Саудиска Арабија: “Да, не кријам дека сакав да си одам од Барселона. Таа понуда и тоа ...
Рафиња минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Барселона и доживеа голем пресврт во кариерата, сето тоа благодарение на Ханси Флик кој од прв момент покажа верба во квалитетите на бразилскиот фудбалер. По заминувањето на Чави, Рафиња беше на излезни врати од Барселона и се очекуваше да биде една од ѕвездите кои први ќе бидат продадени, но наместо тоа, Германецот Флик имаше поинакви планови за офанзивниот фудбалер, кој сега е незаменлив ...