Хрватската фудбалска репрезентација во понеделник во Сплит ќе се соочи со Португалија во клучен натпревар за пласман меѓу најдобрите осум селекции во Лигата на нации. Добра вест за Хрватите е тоа што португалскиот селектор Роберто Мартинез им дозволи на четворица од своите најдобри играчи да ја напуштат репрезентацијата по обезбедувањето на првото место во групата. Станува збор за Кристијано Роналдо (Ал-Наср), Педро Нето (Челзи), Бруно Фернандеш ...

Хрватската фудбалска репрезентација мора да оди на позитивен резултат против Португалија за да го потврди пласманот во четвртфиналето на Лигата на нации и да не зависи од другите селекции, а гостите потврдија дека ќе пристигнат во Сплит без неколку ѕвезди. По вчерашната убедлива победа над Полска и обезбеденото прво место во групата, португалскиот селектор Роберто Мартинез ослободил четворица важни играчи предводени од Кристијано Роналдо. ...