Случајот со Невена Спасеска и одземањето од неа четиригодишното дете без никаков аргумент освен дека таткото е богат и машко, по втор пат се најде во Собранието. По пратеничката Иванка Василевска која обвини за корупција во судството, сега и пратеничката Славјанка Петровска упати пратенички прашања до Министерството за труд и социјална политика за нивната пасивност и незаинтересираност да ја спречат корупцијата и да ги заштитат мајката и детето, ...
„На почетокот на месец мај во јавноста се појави една мајка на 4 годишно детенце која ја раскажа голготота низ институциите вклучително и судските инстанци и изјави дека неправедно поради корупција, влијаниеја и притисоци старатеството и било одземено. Таа јавно упати апел, мајчински крик до сите институции да застанат и да размислат што прават и дека нивна должност е да се грижат за доброто на детето, а не да спроведуваат друга политика. Како ...