Огромен број студенти и граѓани од попладнево ги блокираа сите три моста во Нови Сад по повод три месеци од уривањето на настрешница на железничката станица во градот. Варадинскиот мост, Мостот на Слободата и Мостот на Жежељ ќе бидат блокирани три часа, а Мостот Слобода 24 часа. Ним им се придружија белградските студенти кои во четврток пеш тргнаа кон Нови Сад, но и голем број граѓани од Белград и сите краеви на Србија, земјоделци, просветни ...

Продолжуваат протестите и блокадите на повеќе локации во Белград. Студентите не отстапуваат од своите барања. Поддршка денеска добија и од Професорите од белградскиот универзитет порачувајќи дека тоа се и барања на професорите. Протести, блокади и петнаесет минутен молк има и во сите поголеми градови низ Србија. Полицијата во Нови Сад пак уапси едно лице под сомневање дека пред една од гимназиите во градот, им се заканил на учесниците на ...

Дијалогот меѓу владините претставници и универзитетските професори во Србија според најавите, би можел да започне неделава за да се утврди дали се целосно исполнети сите студентски барања. Три месеци по трагедијата на железничката станица во Нови Сад, студентските протести и блокади сè уште траат. Како солидарност, на протестите им се приклучува и адвокатската комора која најави едномесечен прекин со работа. Од Белград известува Оливер Бранковиќ ...

Американската музичка ѕвезда Мадона на својот Инстаграм стори сподели видео од студентските протести во Србија, истакнувајќи дека медиумите не ја пренесуваат нивната вистинска тежина. „Она што медиумите не ви го кажуваат е дека еден од најголемите студентски протести од 1968 година во моментов се одржува во Србија“, стои во објавата што ја сподели пејачката. Во видеото, снимено со дрон, се наведува дека студентите затвориле голем број ...