Мајка сведочеше за ноќта што ѝ го одзеде синот Со потресно сведоштво на Марија Петрушева, мајка на загинатиот 24-годишен Андреј, денеска во Идризово продолжи судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи на 16 март. Во трагедијата животот го загубија 63 млади лица, а повеќе од 200 беа повредени. Петрушева пред судот детално ја опиша кобната ноќ, посочувајќи дека нејзиниот син последен пат се јавил околу 18:30 ...
„Некаде во 2 часот и 11 минути по полноќ таа ми прати порака да ми каже дека е убаво внатре, ми прати и кратко видео. Ми пиша, мајка, биди спокојна. И мојот син беше на концертот, има 13 години. Кога дошла полицијата, им побарале лични карти, но кога виделе дека се малолетни ги избркале надвор. Во тој момент мојот син слушнал дека има некаква турканица, помислил дека е тепачка, но кога видел дека е пожар, сакал да се врати во диското за да ја ...

