Велемајсторот Владимир Федосеев, играч со руско потекло кој настапува под знамето на Словенија, е нов европски првак во забрзан шах. На Европското првенство што се одржа викендов, тој со 9,5 поени беше подобар од велемајсторите – Украинецот Антон Коробов и Грузиецот Бадур Јобава, кои освоија по 9 поени. Меѓу славните велемајсторски имиња имаше место и за шахистот на ШК Алкалоид, интермајсторот Дејан Стојановски, кој заврши на солидното 18. ...
Членовите на Алкалоид, Дејан Стојановски и Филип Панчевски се најуспешните Македонци на Европските првенства во забрзан и во брзопотезен шах што се играа викендот во Скопје. Стојановски со осум бодови од 11 кола го освои 18. место на Европскиот шампионат во забрзан (рапид) шах во конкуренција на 390 шахисти. – За мене ова е голем резултат, планина! За споредба, кога би бил овој резултат одигран на стандардно темпо на игра, би значел ...