Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јуни. Денеска е Св. апостоли Вартоломеј и Варнава. Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маченички. Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се роди на островот Кипар. Беше Евреин од ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јуни. Денеска е Св. пророк Елисеј. Пророк Елисеј живееше 900 години пред Христа. Му беше современик и сопатник на големиот пророк Илија. Всушност, тој ја продолжи неговата служба. На свети Илија во староста му беше откриено дека ќе го замени овој маж од градот Авелмаул. Тој му го остави својот плашт и жезлото, а Господ на Елисеј му даде поголема сила од онаа што ја имаше Илија. Се ...

Охрид, 26. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Света маченичка Аквилина. Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година беше наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите пријателки. Кога настана ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 јуни. Денеска е Св. маченичка Аквилина. Света Аквилина се роди во градот Вивлос, Палестина, во христијанско семејство. Веќе на свои 10 години таа беше силно утврдена во христијанската вера. Во тоа време започна Диоклецијановиот прогон. Некој ја пријави Аквилина, која тогаш имаше 12 години, на царскиот намесник Волусијан. Волусијан се трудеше да ја одврати Аквилина од Христос, а кога ...