Екипата на Баерн Минхен си ја заврши задачата, вторпат го победи Баер Леверкузен (2-0) и со две победи на две средби се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германското дерби практично беше решено во првата средба, затоа што во Минхен, Баерн покажа моќ и славеше со 3-0. Работите не беа поинакви и на овој дуел на кој Чаби Алонсо имаше проблеми со повредени играчи. Баерн беше поконкретен во нападите и заслужено оди во следната рунда. ...

Мадридското дерби добива ново поглавје – Атлетико и Реал ќе се соочат во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот „Метрополитано“ во среда вечер. Првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“ заврши со тесна победа на Реал (2:1), но Атлетико верува дека може да го анулира овој резултат и да избори пласман во четвртфиналето. Диего Симеоне се потпира на неверојатната форма на Хулијан Алварез, како и на фактот дека Атлетико не загубил ...