Болоња го потврди статусот на фаворит и во вториот меч со Емполи, меч на кој оствари победа од 2-1 и со вкупно 5-1 се пласираше во финалето на Купот на Италија. Ова е прво финале за Болоња во ова натпреварување по точно 51 година, резултат кој многу значи, резултат кој го става клубот во позиција да се бори за трофеј. -Ова беше цел, сон на овој град и на клубот. Постигнавме нешто прекрасно, оддавајќи почит на Купот на Италија уште од самиот ...
Фудбалерите на Болоња го потврдија своето место во финалето во Купот на Италија, откако синоќа триумфираа со 2-1 (1-1) и на реваншот против Емполи, кој во првиот полуфинален дуел го совладаа со 3-0. Фабијано во 7 минута ја донесе Болоња во водство. Коваленко го израмни резултатот на 1-1 во 33 минута, пред Далинга да ѝ ја донесе победата на Болоња во 86 минута. Болоња ќе игра во финалето на 14 мај во Рим против Милан, кој во средата го ...