Вечното дерби мина во спортска битка на теренот, но за жал мега-дуелот имаше и темна страна – поради однесувањето на навивачите. „Чкембари“ веднаш по влегувањето во салата направија огромен инцидент фрлајќи запален факел кон соседната трибина поради што битолчани подоца беа отстранети од арената, а до голем инцидент дојде и по завршувањето на мечот во „Јане Сандански“ откако гостинските ракометари беа нападнати додека се движеа кон ...

„Вечното“ ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер понуди огромна борба на теренот, драма на трибините, прекин и домашно славје на крајот. Драма имаше и по крајот на дербито, а во центарот на вниманието беа играчите на Пелистер. Според информациите, ракометарите на шампионот наводно биле нападнати на патот кон соблекувалната, а видеото се појави на Фејсбук профилот „И моето дете ќе навива за Пелистер“. Засега нема официјални информации ...