Основа за формирање на идната влада ќе биде нашата програма за која гласаа најмногу гласачи. Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, а ние се обврзавме да формираме влада, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. „Им благодарам на моите колеги и на сите Бугари кои го подигнаа одѕивот на гласачите. Со оваа активност посмирено можеме да зборуваме за претставување во новиот парламент“, додаде тој. Рече дека ќе коалицира со сите партии освен со ...

Прелиминарните резултати од вонредните парламентарни избори во Бугарија, објавени од агенцијата Галуп интернешенел врз основа на 80 отсто од преброените гласови, покажуваат дека двопартиската изборна коалиција ГЕРБ-СДС е на водечка позиција со освоени 24,4 отсто од гласовите. На второ место е партијата Вазраздана со 13,7 отсто од гласовите, а на трето место е Продолжување на промените Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – прозападна реформистичка ...