Ракометниот клуб Тиквеш јавно изрази незадоволство од однесувањето на селекторот на македонската ракометна репрезентација и тренер на РК Алкалоид, Кире Лазаров, за време на последниот натпревар меѓу двете екипи. Ова е најновото клупско обраќање, откако претходно имаше соопштенија и на Вардар, Пелистер и на Охрид. Преку официјално соопштение објавено на социјалните мрежи, клубот од Кавадарци тврди дека Лазаров вербално ги навредувал нивните ...

Во согласност со последните соопштенија со кои излегоа клубовите од македонската Супер лига, а врз основ на последните случувања на натпреварот одигран на гости кај РК Алкалоид, ГРК ТИКВЕШ 2014 не сака и не може повеќе да остане нем и слеп на повеќегодишното неправедно однесување, а особено не после навредите и недоличните зборови и однесување од страна на тренерот на РК Алкалоид и селектор на нашата ракометна репрезентација, Кирил Лазаров. ...