Имајќи ги предвид актуелните ставови на парламентарните политичките партии од мнозинството и од опозицијата, на собраниската седница закажана за в петок, се очекува отфрлање на четирите интерпелации за актуелни министри поднесени од Европскиот фронт, додека за петтата интерпелација за претседателката на Комисијата за труд Илире Даути, дел од пратениците најавуваат дека утре или задутре ќе го изградат својот став. Сепак, како што брифираат ...
Пратеничката Рина Ајдари од Европскиот фронт остро ја критикуваше Владата за, како што рече, неспособноста да обезбеди меѓуетнички соживот по инцидентите поврзани со прославата на Денот на албанското знаме. Таа ги образложи предлозите за четири интерпелации, поднесени против работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, како и против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени. Критики против Изет ...